Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ учествува на економската конференција организирана од Глобалната албанска бизнис мрежа

СКСЗМ учествува на економската конференција организирана од Глобалната албанска бизнис мрежа

СКСЗМ учествува на економската конференција организирана од Глобалната албанска бизнис мрежа

16.05.2025, Приштина – Се одржа конференција организирана од Глобалната албанска бизнис мрежа, каде на покана на претседателот на истата, г-дин Омер Нура, присуствуваа највисоките претставници на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, претседателот, г-дин Mendi Qyra, претседателот на Собранието, г-дин Назми Ејупи и почесниот претседател, г-дин Џемаил Даути, заедно со компаниите членки Плуска Компани и Градис КОО.

Претседателот Qyra беше почестен со говор по повод настанот, при што ја нагласи одржливата и ефикасна соработка со Стопанските комори на Косово и Албанија, како и важноста на Глобалната албанска бизнис мрежа, заблагодарувајќи им се за нивната иницијатива што создава важен мост за дијалог, размена на искуства и заеднички економски развој меѓу албанските бизниси.

Настанот продолжува со B2B средби меѓу бизнисите, панел дискусија за Фондот за гарант на кредити и вечера за вмрежување, каде што учесниците ќе имаат можност да разменуваат идеи, да истражуваат можности за соработка и да ја прошират својата професионална мрежа.

Настанот ја зајакнува важноста на соработката на приватниот сектор и докажува дека кога дијаспората и локалните бизниси соработуваат, се создаваат реални можности за одржлив развој и напредок.