Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ одржа информативна средба со Министерството за животна средина за Регионалниот проект за управување со отпад во Полошкиот регион

СКСЗМ одржа информативна средба со Министерството за животна средина за Регионалниот проект за управување со отпад во Полошкиот регион

СКСЗМ одржа информативна средба со Министерството за животна средина за Регионалниот проект за управување со отпад во Полошкиот регион

Скопје, 16.09.2025 – Во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, раководството на Комората заедно со претставници од Групацијата за градежништво, урбанизам, животна средина и енергетика, одржаа работна средба со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На состанокот беше презентиран Регионалниот проект за управување со отпад во Полошкиот регион, која е прва иницијатива на државно ниво за одржливо управување со отпад и важен чекор кон усогласување со стандардите на ЕУ. Проектот, кој ќе се спроведува во Тетово – Фалиште, предвидува изградба на регионална санитарна депонија според европските стандарди.

За компаниите членки на СКСЗМ овој проект претставува конкретна можност за вклучување во фазите на проектирање и изградба, отворајќи нови перспективи за соработка и инвестиции.

СКСЗМ, како и секогаш, останува мост помеѓу јавните институции и приватниот сектор, обезбедувајќи бизнисите да бидат навремено информирани, подготвени и активно вклучени во вакви иницијативи. Преку оваа посредничка улога, Комората не само што им овозможува на своите членки директен пристап до релевантни информации, туку придонесува и за зајакнување на јавно–приватните партнерства, во служба на одржливиот развој, заштитата на животната средина и модернизацијата на локалната инфраструктура.