Скопје, 20.08.2025 – Во просториите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се одржа бизнис средба со делегација од Турција, предводена од г. Рифат Саит. Делегацијата беше пречекана од в.д. претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, извршниот директор, г. Дурим Зекири, како и од компании членки на Комората.
Турската делегација, составена од претставници од различни економски сектори – медиуми, образование, прехранбена индустрија, производство и пакување, недвижности и пластична индустрија, изрази интерес за создавање нови мостови на соработка со домашните компании.
Членовите на СКСЗМ имаа можност да ја претстават својата дејност, отворајќи пат за конкретни можности за билатерална соработка. Во својот говор, г. Алиу нагласи дека СКСЗМ е вистинската адреса каде што секој потенцијален инвеститор може да најде поддршка, сигурни информации за пазарот и директни врски со сериозни компании за партнерство.
СКСЗМ останува посветена на зајакнување на врските меѓу бизнисите, помагајќи им да растат, да се вмрежуваат и да ја унапредуваат регионалната и меѓународната соработка.






