01.07.2025, Скопје – Стопанска комора нa Сeвeро-Запaднa Мaкeдонијa оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Скопје, Нејзината Екселенција г-ѓа Сецуко Кавахара, во рамки на континуираните напори за продлабочување на меѓународната економска соработка и создавање нови можности за развој.
Амбасадорката Кавахара беше пречекана од Претседателот на СКСЗМ, г. Меndi Qyra, Извршниот директор г. Дурим Зекири, Потпретседателот г. Шпресим Таири, и членовите на Управниот Одбор, г. Мендерес Кучи и г-ѓа Ќаније Селими.
Во својот говор, Претседателот на СКСЗМ, г. Qyra, ја истакна длабоката почит што Комората ја има кон Јапонија и потенцијалот што оваа држава го нуди за економска соработка. Тој додаде дека СКСЗМ останува посветена на понатамошен развој на домашните бизниси преку соработка со земјите од регионот и пошироко, нагласувајќи го интересот за пристап до обуки и јапонска експертиза, како докажан модел за развој и напредок.
Во продолжение на дискусијата за конкретните потреби на бизнис заедницата, Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја потенцираше потребата на членките за know-how од Јапонија, особено во областа на технологијата и иновациите, посочувајќи дека станува збор за потенцијал кој се уште не е доволно развиен. Г. Зекири исто така наведе дека трговската размена пред 20 години изнесувала 21,5 милиони евра, од кои околу 2 милиони евра биле извоз во Јапонија, додека минатата година извозот достигнал 1,6 милиони евра, а увозот 128 милиони евра – бројки кои укажуваат на раст на трговската размена, но пад на извозот а зголемување на увозот.
Г-ѓа Селими ја отвори темата за можностите за финансирање на бизнисите, со цел олеснување на пристапот до фондови и поддршка на растот и развојот на компаниите.
Амбасадорката Кавахара ја изрази подготвеноста да го поддржи воспоставувањето директни контакти меѓу јапонските компании и оние од Северна Македонија, базирано на взаемна почит и градење доверба како основа за секоја успешна соработка.
Членот на Управниот одбор на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи, истакна дека лојалноста е еден од најзначајните атрибути што ја карактеризира Комората и нејзината бизнис заедница, нагласувајќи ја сериозноста и посветеноста во градењето стабилни меѓународни односи.
На крајот од средбата беше договорено воспоставување редовен комуникациски канал за размена на информации за можностите за економска соработка, вклучувајќи учество во активности и поддршка за зголемување на капацитетите на домашните компании.





