Претседателот на Стопанската комора на северо западна Македонија, г. Mendi Qyra, заедно со претседателот на Собранието на СКСЗМ г. Назми Ејупи, почесниот претседател г. Џемали Даути и извршниот директор, г. Дурим Зекири, присуствуваа на свечениот настан организиран од Косовската бизнис алијанса по повод 17-годишнината од независноста на Косово.
Во своето поздравно обраќање, претседателот Qyra им честиташе на сите присутни овој историски ден, нагласувајќи ја важноста на стратешката економска соработка меѓу Косово и Северна Македонија.
„Независноста на Косово претставува историско достигнување што го отвори патот кон развој и просперитет. Нашата економска соработка е доказ за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за нашите граѓани, за зголемување на трговската размена меѓу двете земји и за регионалниот економски развој,“ изјави г. Qyrа.
Настанот собра истакнати бизнисмени од албанските краишта, претставници на институции, дипломати и бизнис лидери, служејќи како значајна платформа за зајакнување на економските врски и создавање нови можности за партнерства во иднина.





