Скопје, 3 март 2026 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го организираше традиционалниот Ифтар во просториите на компанијата членка „Nita Palace“. Настанот собра претставници на бизнис-заедницата, највисоки државни претставници, институции, партнери и медиуми, овозможувајќи посебна вечер во која беше истакната важноста на соработката и меѓусебното разбирање.
Настанот го почестија со своето присуство и претседателот на Собранието, г. Африм Гаши и претседателот на Владата на Република Северна Македонија г. Христијан Мицкоски.
В.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, во своето обраќање им се заблагодари на присутните за учеството и ја нагласи важноста од зачувување на вредностите на солидарност, почит и соработка меѓу бизнис-заедницата и институциите. Тој истакна дека овој традиционален настан претставува мост кој ја зајакнува довербата, дијалогот и партнерството во општеството.
Традиционалниот Ифтар на СКСЗМ продолжува да биде значаен настан што обединува различни општествени чинители, промовирајќи вредности и зајакнувајќи го духот на единство во текот на светиот месец Рамазан.





