Претседателката на Групацијата на жени претприемачки на СКСЗМ, г-ѓа Ќаније Селими, учествуваше на Бизнис форумот Австрија-Северна Македонија, кој се одржа во Виена, Австрија.
Делегацијата од РМВ беше предводена од Премиерот на РСМ, г-дин Христијан Мицкоски, нагласувајќи ја стратешката важност на економската соработка меѓу двете земји, како и високи државни претставници и стопански комори на земјата.
Форумот послужи како платформа за повторно потврдување на економските односи меѓу Австрија и Северна Македонија, како и за презентирање на конкретни можности за нови инвестиции и проширување на соработката меѓу компаниите од двете земји.
Учеството на СКСЗМ на овој форум ја покажува нејзината посветеност на промовирање на меѓународната соработка и зајакнување на улогата на локалните бизниси на меѓународните пазари.






