Саемот за кариера на Универзитетот на Тетово ги поврза студентите со бизнис-заедницата – учествуваше и Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra

29.04.2025 – Универзитетот на Тетово организираше Отворен ден и Саем за кариера, значаен настан кој ги обедини студентите, компаниите и претставниците од институциите.

На овој настан учествуваше и Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Mendi Qyra, кој во својата изјава за медиумите истакна:
„Во земјава има изразен недостиг на работна сила, најмногу како резултат на миграцијата. Очекуваме од оваа институција на знаење да произлезат кадри кои се подготвени и соодветни на потребите на пазарот на труд. Затоа, се надевам дека соработката помеѓу образованието и приватниот сектор ќе продолжи уште посилно во иднина.“
Саемот за кариера собра многу компании од земјата и регионот, кои ги претставија своите можности за вработување и професионален развој на младите.

Во знак на благодарност за континуираниот придонес во градењето мостови на соработка меѓу образованието и бизнис-заедницата, Универзитетот на Тетово додели благодарница на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија. Ова признание е доказ за активната и непоколеблива улога на СКСЗМ во зајакнувањето на младите и економскиот развој на регионот.

СКСЗМ останува посветена на поддршка на настани кои помагаат во развојот на професионалните можности за младите.