Јурис аларм бр. 2

25 Март 2019 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија како легитимен претставник на бизнис заедницата се грижи за навремено и правилно информирање на бизнисите, поврзано со измените и дополнувањата во законодавната рамка кои предвидуваат права и обврски на компаните. Точноста во информирањето на бизнисот претставува многу значајно прашање за нивно нормално функционирање.

Затоа, Ве информираме дека од  1 (први) април оваа година започнува примената на новиот Закон за јавните набавки кој се донесе и се објави на Службениот весник на Република Северна Македонија  на 1 (први) февруари оваа година.

Ве молиме симнете го тука новиот број на Јурис аларм.

 

За повеќе информации, Ве молиме контактирајте не на juris@oemvp.org или на телефон 02/3239-252.