Претседателот на Собранието на СKСЗМ на Семинарот на УЈИЕ за квалитет на високото образование
03.06.2016 – Претседателот на Собранието на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г-дин. Касам Зендели, денеска учествуваше на Семинарот за квалитетот на високото образование “Националната стратегија, институционалниот развој и влијанието на заинтересираните страни”, во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа во просториите на ректорската зграда во Тетово.
Целта на овој семинар беше да се овозможи развој на отворена дебата за најдобрите практики на образованието, предизвиците со кои се соочува образованието во Македонија и алтернативите за подобрување на истото во иднина, преку собирање на едно исто место сите актери кои влијаат на било кој начин на квалитетот на високото образование, како што се академските и административните раководители, членовите на комисијата за самоевалуација, членовите на Одборот за акредитација и евалуација, претставниците на министерството, студентите и студентските организации, претставниците на работодавачите, меѓународните консултанти и други. Меѓу главните говорници на семинарот беа Colin Tuck – директор на Европската агенција за обезбедување квалитет (EQAR), Thomas Olsson – виш предавач на Катедрата за академскиот развој во рамки на Универзитетот Лунд во Шведска и Gorazd Rosoklija – Претседател на Одборот за акредитација и подобрување на евалуацијата.
Г-дин Касами за време на дискусиите изјави: “Неопходно е сериозно да се работи кон воспоставување на поблиски односи меѓу универзитетите и работодавачите, затоа што само тогаш можеме да имаме како работници кои се задоволни од работата, така и работодавачи кои се задоволни од страна на работниците. Недостатокот на таквата соработка доведува до неколку социјални и економски предизвици, кои доколку не се канализират правилно можат да доведат до сериозни последици, како што е преселувањето на работната сила на земјата во други земји “одливот на мозоци”, незадоволство меѓу населението, распаѓањето на индустриите кои не успеваат да обезбедат соодветен кадар и, на крај, остар пад на економијата во земјата.”
Comments are closed.