11-то издание на Топ 100 ™ најуспешни компании

Скопје, 09.12.2021
Денес, 9 декември 2021 година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го организираше Топ 100™ настанот. На овој настан присуствуваа еминентни бизнис и политички личности од земјата и регионот.
ТОП 100 ™ оваа година ги објави Топ 5 најуспешни компании каде Топ 5 беше прогласена компанијата Пофикс, потоа Топ 4 Даути Комерц, Топ 3 Пуцко Петрол проследено со Топ 2 АТС Груп. Првото место за ова издание беше за компанијата Кипер.
Меѓу друго, беа доделени награди како награда за најуспешно партнерство кое и припадна на компанијата Вардар-Доломит, награда за најдобар бизнис предводен од жена која годинава припадна на Догаин Еир на чело со Мерита Рамадани Алими. Доделена е и награда која СКСЗМ ја доделува за прв пат, а тоа е наградата за Еко инвестиција која и припадна на компанијата International Fresh Food. Додека наградата за најбрзо растечка компанија во последните 3 години сосема заслужено ја доби компанијата Декор Текстил.
На Ердин Османи му беше доделено признание за трансформацијата на бизнисот за усогласување со новите околности создадени од Ковид 19.
СКСЗМ веќе 11 години го организира овој настан на кој ги прогласува најуспешните компании членки, додека годинава Топ 100-те реализирани компании остварија над 920 милиони евра промет, околу 73 милиони евра нето добивка, вработија над 9000 луѓе и инвестирале околу 75 милиони евра.