Home / Вести / Последни вести / Јавна дебата: колку бизнисите и универзитетите соработуваат?

Јавна дебата: колку бизнисите и универзитетите соработуваат?

13-ти Април 2016  – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа денеска учествуваше на јавна расправа организирана од страна на Државниот универзитет во Тетово, на тема “Соработката помеѓу универзитетот и индустријата, предизвиците и можностите на влијание во економскиот развој”.

Во оваа дебата, во делот наменет за публиката беа поканети бизниси, претставници од факултетите кои се директно поврзани со бизнисот, професори и студенти.

Она што беше дискутирано на оваа дебата беше колку реално бизнисите и универзитетите соработуваат меѓу себе, во форма за да се намали јазот на побарувачката на работната сила и постоечките профили на пазарот на трудот. Бизнис заедницата и универзитетите претставуваат две многу важни фактори на социо-економскиот развој, првите нудат можности за вработување, додека вторите произведуваат постојано нови кадри.