Home / СКСЗМ испраќа честитки до Американската амбасада во Скопје по повод Денот на Независноста на САД

СКСЗМ испраќа честитки до Американската амбасада во Скопје по повод Денот на Независноста на САД

“Ваша Екселенцијо,

 

Во име на Стопанската Комора на Северозападна Македонија и во мое лично име, со задоволство Ви испраќам најсрдечни честитки по повод Денот на Независноста на Вашата држава.  

Исто така, би сакал преку Вас да ги испратам и до Неговата Екселенција, г. Барак Обама, Претседател на Соединетите американски држави, како и до Владата и народот на Соединетите американски држави, нашите желби за среќа и просперитет.  

Користејќи ја оваа прилика, уште еднаш би сакал да ú се заблагодарам на Амабасадата на Соединетите американски држави во земјава за огромниот придонес за кохезијата и одличната соработка со Стопанската Комора на Северозападна Македонија, овозможувајќи им на локалните бизниси да водат ефективна и сè поважна улога во придонесувањето за подобар економски развој во земјава.  

Убеден во постојаната и константна поддршка во постигнување на мисијата која ми се додели мене од страна на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, ја уверувам Вашата држава дека се ставам себеси, како и Стопанската Комора на Северозападна Македонија на потполно располагање, заради реализација на усогласените цели од нашите заеднички напори – постигнување на економски развој и одржливост во нашата земја.  

Ве молиме, Ваша Екселенцијо, примете ги нашите изрази на највисоко почитување. 

Искрено,

Мендерес Кучи

Претседател

Стопанска Комора на Северозападна Македонија”