09 Октомври 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија поттикната од тесната соработка што ја има со локалните самоуправи во Полошкиот регион како и стопанствениците што гравитираат во овој регион, го презентираа регионалниот пат село Непроштено – Слободна Економска Зона (како јавно-приватно партнерство) и дискутираа за можностите и потребата за отворање на царинскиот терминал на граничниот премин во село Јажинце, каде што официално се потпиша и заедничко барање со општините од Полошкиот регион за отварање на истиот.
Впрочем, СКСЗМ ова го прави се со цел за зголемeна конкурентност на компаниите со нивните продукти не само во Македонија туку и во регионот со кој што во изминатиот период сме имале извонреден трговски биланс.
За поголемо стимулирање и поддршка на претпријатијата, особено оние кои се извозно ориентирани, СКСЗМ континуирано презема мерки за олеснување на царинските постапки и е постојано е во контакт со бизнис заедницата како и царинската управа за да ги спроведе неопходните реформи – рече Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.
На средбата денес присуствуваше и Министерот за локална самоуправа Ширете Елези, како и Амбасадорот на Република Косово во Скопје, Илбер Хиса, кои ја поздравија иницијативата на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.
СКСЗМ нивното барање го заснова на следните параметри: во Полошкиот регион официјално регистрирани се околу 11.000 правни субјекти, кои директно или индиректно се засегнати од добивање на услуги на царинскиот терминал во овој регион. Само за илустрација, учеството на компаниите од полошкиот регион во БДП е на ниво од 6.3%; или од анализирани 1567 компании во овој регион тие имаат годишен обрт од над 550 милиони Евра, или вработуваат повеќе од 11.500 луѓе.
На повеќето компании од овој регион, Косово им е една од позначајните извозни дестинации, а тоа го покажуваат и статистичките податоци. Неколку години наназад Македонија со Косово, има суфицит во трговијата, односно многу повеќе извезуваме отколку што увезуваме, каде што претежно овој сооднос е во корист на нашите компании.

