Човечките ресурси главен столб на секој бизнис-СКСЗМ во средба со Министерствотот за Образование

Претседателот на Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија и голем број компании членки на Комората денес се дел од панел дискусијата со Министерството за образование за средното стручно образование.
Стопанската Kомора со години алармира за недостаток на соодветен кадар и соодветни квалификации за потребите на деловниот сектор. Парадоксална е ситуацијата што го опфати пазарот во земјата, каде имаме висока невработеност, додека од друга страна бизнисот се жали на недостаток на кадар. Ова секако ја покажува некомпатибилноста на производот на образовниот систем со побарувачката на реалниот сектор.
СКСЗМ секогаш поддржувала иницијативи кои ја подобруваат состојбата на човечките ресурси во земјата, со оглед на фактот дека сега во нашата 4-годишна стратегија, како втор столб, ги имаме човечките ресурси како главен столб на секоja комапнија.
Квалификуван персонал претставува перспектива за младите и можности за реализација на нови идеи и социјални текови.
СКСЗМ ги цени ваквите иницијативи и во исто време ќе продолжи да придонесува за подобрување на состојбата.