СКСЗМ со нова услуга за компаниите!

Во овој период, економијата на нашата земја и пошироко беше погодена од пандемијата КОВИД-19, отежнувајќи ја на овој начин дејноста на многу бизниси. Овој период влијаеше врз компаниите да поминат низ големи предизвици и да бараат решенија за тоа како да се справат со потешкотиите. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија нуди помош на начин што ќе им овозможи на 15 микро и мали компании да се прилагодат на новата реалност пост КОВИД-19.

СКСЗМ објавува повик за: Програма за трансформација на 15 микро и мали компании по кризата КОВИД-19. Оваа програма ќе се реализира преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем-„Создавање на работни можности за ММСП во Северна Македонија 2.0“

Првите 15 микро и мали компании кои ќе се пријават, ќе придобијат:

  • 1 година безплатно членство во СКСЗМ;
  • Бизнис план за вашата компанија;
  • Обуки и менторство;
  • Ќе станат дел од мрежата на снабдување на СКСЗМ со над 2000 членки;
  • Бесплатни промотивни видеа.

Побрзајте и резервирајте го местото за вашата компанија, пријавувајќи се на е-маил адресата anilaejupi@oemvp.org или на телефонскиот број 078-327-893!