Денес, Уставниот суд донесе одлука во корист на СКСЗМ, иницијативата за оспорување, која официјално беше поднесена од страна на Комората до Уставниот суд на 25.10.2023 година.
На прес-конференцијата, претседателот на Уставниот суд, г.Дарко Костадиноски, изјави дека компаниите имаат рок од 5 години да побараат враќање на средствата, доколку им е нанесена неправда.
СКСЗМ, уште при подготовката и усвојувањето на овој закон, категорично тврдеше дека истиот е противуставен и, заедно со своите партнери „Lansky, Ganzger, Zeqiri + Partner Skopje“, излегоа победници, штитејќи ги како никогаш досега интересите на домашниот бизнис и своето членство.
Претседателот на СКСЗМ, г.Mendi Qyra, ја оцени оваа одлука како победа на вистината и доказ дека бизнисот има силна заштита од неправдите што понекогаш му се нанесуваат во нашата земја.
СКСЗМ повеќе од една година, во сите јавни настапи, жестоко го критикуваше овој закон и постојано повикуваше на подигнување на свеста кај сите релевантни актери, со цел да се спречи ретроактивното казнување на бизнисите и граѓаните.