Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ ја претстави Платформата за локален економски развој пред кандидатите за градоначалници од редовите на коалицијата НАИ

СКСЗМ ја претстави Платформата за локален економски развој пред кандидатите за градоначалници од редовите на коалицијата НАИ

СКСЗМ ја претстави Платформата за локален економски развој пред кандидатите за градоначалници од редовите на коалицијата НАИ

На 06.10.2025 година, во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, в.д. претседателот на СКСЗМ г. Нухи Алиу, заедно со извршниот директор г. Дурим Зекири, почесниот претседател г. Џемаил Даути и оперативната менаџерка Миранда Ајдини, остварија средба со кандидатите за градоначалници од редовите на коалицијата НАИ. На состанокот присуствуваа г. Еркан Арифи, кандидат за општина Липково, и г. Блерант Рамадани, кандидат за општина Сарај.

Состанокот го отвори г. Нухи Алиу, кој ја презентираше Платформата за локален економски развој, изготвена од СКСЗМ, нагласувајќи ги главните барања на бизнис-заедницата, и значењето на зајакнувањето на соработката со цел унапредување на приватниот сектор и создавање поволни услови за функционирање на компаниите.

Во своето обраќање, кандидатот за општина Липково, г. Еркан Арифи, ја истакна стратешката положба на општината за привлекување инвестиции. Тој ги претстави некои од клучните приоритети на својата програма, меѓу кои: функционализирање на економската зона во Никуштак, отворање на граничниот премин во Белановце, создавање на центар за собирање на земјоделски производи, како и поедноставување и забрзување на постапките за урбанистичко планирање.

Од друга страна, кандидатот за општина Сарај, г. Блерант Рамадани, ја нагласи потребата индустриската зона Сарај да има директен пристап до автопатот, барање што го поддржува и СКСЗМ, како и значењето на изработка на среднорочни и долгорочни стратегии за развој на општината, во период од 4 и 10 години.

За време на дискусијата, почесниот претседател на СКСЗМ, г. Џемаил Даути, ја потенцираше неопходноста од отстранување на политичките влијанија во секторите за урбанизам во двете општини, како и потребата од создавање центар за контејнери во Кондово.

На крајот, извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја потсети важноста на формализирањето на сивата економија како еден од клучните фактори за одржлив развој и подобрување на бизнис-климата.

Во рамки на својата традиција, СКСЗМ ќе продолжи со средби и со други политички субјекти, со цел преку директен дијалог да се пренесат приоритетите и ставовите на бизнис-заедницата во однос на локалниот економски развој.

2