Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ и регионалните партнери го потпишуваат Меморандумот за Сеалбанскиот Економски Развој

СКСЗМ и регионалните партнери го потпишуваат Меморандумот за Сеалбанскиот Економски Развој

СКСЗМ и регионалните партнери го потпишуваат Меморандумот за Сеалбанскиот Економски Развој

17.12.2025, Тирана — Во просториите на Стопанската комора на Тирана, институциите што го претставуваат албанскиот бизнис од пет држави во регионот, за првпат го потпишаа Меморандумот за соработка за Сеалбанскиот Економски Развој.

Состанокот беше свикан по иницијатива на Претседателот на Стопанската комора на Тирана, воедно и Претседател на Сеалбанскиот Економски Форум, г. Николин Јака, кој потенцираше дека оваа иницијатива претставува значајна основа за зајакнување на соработката помеѓу албанските бизниси во регионот и има за цел зголемување на трговските размена, поттикнување заеднички инвестиции и активна вклученост на албанската дијаспора во економскиот развој.

Во оваа прилика, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија повторно ја потврди својата заложба за продлабочување на институционалната соработка. Меморандумот беше потпишан и од Алијансата на бизниси на Косово, Стопанската комора на Тирана, Алијанса на стопанствениците „Визион“ за Прешево, Медвеѓа и Бујановац, како и од Форумот од Улцињ – Црна Гора.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија оценува дека ова претставува значаен чекор кон консолидирање на севкупната албанска економска соработка, создавајќи стабилни основи за институционална координација, заеднички развој на економски проекти и посилно застапување на интересите на албанските бизниси во регионот и пошироко.