Скопје, 16.09.2025 – Во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, раководството на Комората заедно со претставници од Групацијата за градежништво, урбанизам, животна средина и енергетика, одржаа работна средба со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На состанокот беше презентиран Регионалниот проект за управување со отпад во Полошкиот регион, која е прва иницијатива на државно ниво за одржливо управување со отпад и важен чекор кон усогласување со стандардите на ЕУ. Проектот, кој ќе се спроведува во Тетово – Фалиште, предвидува изградба на регионална санитарна депонија според европските стандарди.
За компаниите членки на СКСЗМ овој проект претставува конкретна можност за вклучување во фазите на проектирање и изградба, отворајќи нови перспективи за соработка и инвестиции.
СКСЗМ, како и секогаш, останува мост помеѓу јавните институции и приватниот сектор, обезбедувајќи бизнисите да бидат навремено информирани, подготвени и активно вклучени во вакви иницијативи. Преку оваа посредничка улога, Комората не само што им овозможува на своите членки директен пристап до релевантни информации, туку придонесува и за зајакнување на јавно–приватните партнерства, во служба на одржливиот развој, заштитата на животната средина и модернизацијата на локалната инфраструктура.






