Home / Вести / Последни вести / Свечено отворање на Хотел „ËMBLA“ во срцето на Струга – уште еден успех на компанијата Trim&Lum

Свечено отворање на Хотел „ËMBLA“ во срцето на Струга – уште еден успех на компанијата Trim&Lum

Свечено отворање на Хотел „ËMBLA“ во срцето на Струга – уште еден успех на компанијата Trim&Lum

На 11 јули 2025 година, со посебна церемонија, во 19:30 часот, беше извршено свеченото сечење на лентата на Хотел „ËMBLA“, визионерска инвестиција на г. Меndi Qyra и неговата компанија, која на Струга и носи не само нов простор за сместување, туку и симбол на нови стандарди во туризмот и гостопримството.

Овој модерен хотел, изграден со внимание кон традицијата и локалниот карактер, располага со ресторан од околу 1000 метри квадратни и 90 соби, и ќе вработи над 100 лица, со што значително ќе се намали невработеноста во градот, но и пошироко.
Инвестицијата ќе има директно влијание врз економскиот развој на градот преку отворање нови работни места и зголемување на квалитетната туристичка понуда, при што, според г. Qyra, позитивниот ефект ќе се почувствува не само во Струга, туку и во Охрид и Поградец.

На оваа свечена церемонија присуствуваа многу претставници од Владата, политиката, економијата и медиумите, а не изостана ниту делегацијата на СКСЗМ составена од долгогодишни членки, Управниот одбор, Надзорниот одбор, извршниот директор и други.

За архитектонското проектирање и дизајн се погрижија најеминентните компании од секторот, членки на СКСЗМ, меѓу кои беше и членката на Управниот одбор – компанијата ARH KONCEPT.

Хотел „ËMBLA“ ги исполнува сите стандарди на еден модерен хотел и претставува уште еден значаен чекор на г. Меndi Qyra во развојот на градот Струга. По изградбата на спомен-мостот посветен на истакната локална личност, континуираната поддршка на концерти и културни настани, како и поддршката на спортскиот гордост на градот – Струга Trim & Lum, двократен шампион во елитната лига, оваа инвестиција во туристичкиот сектор е уште еден доказ за неговата визија и конкретна посветеност за Струга.