В.д. Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Нухи Алиу, оствари средба со Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, г. Бранко Азески. Средбата беше одбележана со соработка и фокус на зајакнување на институционалните односи меѓу двете комори, кои со години играат клучна улога во претставувањето на интересите на бизнис заедницата во земјата.
Средбата овозможи и размена на идеи и експертиза помеѓу двете институции, со акцент на иницирање на нови и унапредување на постојните иницијативи со цел создавање подобри услови за развој на приватниот сектор.
Во таа насока, беше потврдена заедничката волја за консолидирање на институционалната соработка, со зајакнување на улогата на коморите како доверливи партнери на бизнисите и институциите, како и создавање стабилна економска клима што ќе му служи не само на бизнис заедницата, туку и на општествениот развој во Република Северна Македонија.





