Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ се сретна со Индустриската комора на Коња. Разгледани се можностите за соработка за компаниите членки на двете страни

СКСЗМ се сретна со Индустриската комора на Коња. Разгледани се можностите за соработка за компаниите членки на двете страни

СКСЗМ се сретна со Индустриската комора на Коња. Разгледани се можностите за соработка за компаниите членки на двете страни

30.07.2025, Скопје – Извршниот директор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Дурим Зекири, оствари средба со претставници на Индустриската комора на Коња, односно со генералниот секретар г. Фатих Бајрактар и други претставници, со цел да се разгледаат можностите за соработка меѓу компаниите членки на СКСЗМ и на ИКК.

На средбата се дискутираше за учеството на претставници на СКСЗМ на саеми во Турција, особено на саемот кој ги поврзува добавувачите и купувачите од одбранбената индустрија, а кој оваа година по осми пат се организира во Коња, Турција.

Г. Зекири од своја страна го претстави институционалниот ангажман на Комората, потенцирајќи ги значајните чекори преземени во изминатиот период во насока на поддршка на домашните бизниси, како и стимулирање на странски инвестиции – меѓу кои и укинувањето на Законот за солидарен данок и други мерки за создавање поконкурентен пазар со земјите од регионот.

Тема на разговор беа и можностите за институционална соработка меѓу коморите, вклучително и поддршка на компаниите членки, организација на заеднички економски мисии и развој на проекти од заемен интерес.

Извршниот директор, г. Зекири, ја изрази подготвеноста на СКСЗМ за продлабочување на соработката и за поддршка на своите членки за вклучување во меѓународни иницијативи, оценувајќи ги овие платформи како значајни за вмрежување и отворање нови пазари.