Во рамките на зајакнување на институционалната соработка и локалниот економски развој, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија потпиша Меморандум за соработка со Општина Сарај.
В.д. претседателот г. Нухи Алиу, заедно со извршниот директор г. Дурим Зекири, членот на Управниот одбор г. Сефедин Мустафа и почесниот претседател г. Џемаил Даути беа пречекани на средба од градоначалникот на Општина Сарај г. Мухамед Елмази.
Г. Алиу ја истакна важноста на овој меморандум, кој има за цел поттикнување на локалниот економски развој, поддршка на МСП, подобрување на условите за компаниите кои работат на територијата на Општина Сарај, поттикнување инвестиции и нови економски иницијативи, организирање заеднички активности и поддршка на развојни проекти.
За време на средбата, извршниот директор на СКСЗМ г. Дурим Зекири, ја потенцира важноста на овој меморандум како основа за реализација на заеднички проекти помеѓу СКСЗМ и Општина Сарај, со посебен фокус на промовирање на туризмот, економска децентрализација, како и зголемување на улогата на компаниите кои работат во оваа општина во вкупната економија на државата. Г. Зекири го подвлече континуираниот придонес на приватниот сектор и потребата за структурирана меѓуинституционална соработка.
Почесниот претседател, г. Џемаил Даути, ја истакна важноста на искористувањето на услугите на домашните компании, нагласувајќи дека компаниите кои работат во Сарај директно придонесуваат во БДП на државата, што сведочи за големиот економски потенцијал на овој регион.
Страните ја потенцираа својата заложба овој меморандум да се претвори во конкретна соработка, отворајќи нови можности за локалните бизниси и придонесувајќи кон одржлив економски развој.
СКСЗМ останува посветена на градењето стратешки партнерства со јавните институции, со цел зајакнување на приватниот сектор, зголемување на конкурентноста и одржлив економски развој на локално и национално ниво.






