Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ оствари средба со раководството на Косовската бизнис алијанса

СКСЗМ оствари средба со раководството на Косовската бизнис алијанса

СКСЗМ оствари средба со раководството на Косовската бизнис алијанса

01.07.2025, Скопје – Претседателот на СКСЗМ, г. Qyra, заедно со Претседателот на Собранието на СКСЗМ, г. Ејупи, Извршниот директор, г. Зекири, Потпретседателот, г. Таири, како и членовите на Управниот одбор, г. Кучи и г-ѓа Селими, остварија средба со Претседателот на Косовската алијанса на бизниси, г. Агим Шахини, и претставници на управниот одбор.

Средбата се фокусираше на дискусиите за отстранување на реципроцитетот за купување недвижности меѓу земјите, со што се разгледаа можностите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на подобрување на деловната клима.

Меѓу клучните теми кои беа дискутирани за олеснување на работењето на бизнисите беа и елиминацијата на царинските бариери и усогласувањето на тарифите, како суштински елемент за поттикнување на трговската размена и оптимизирање на логистиката на стоките. Се потенцираше и предизвикот со недостигот на квалификувана работна сила, за што е неопходно да се дизајнираат заеднички политики кои ќе го поддржат стручното образование, со што ќе се овозможи активна вклученост на младите на пазарот на труд.

Се разговараше и за трошоците на работодавачите, при што беше истакнато високото ниво на придонесите од платите во РСМ во споредба со земјите од регионот, особено со Косово.

Соработката со КБA, долгорочен партнер на Комората, и понатаму игра значајна улога во напорите за зајакнување на економските релации меѓу двете земји и промовирањето на заедничките интереси на бизнис заедницата.