Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ и ИЛЈП го формализираат партнерството, потпишан Меморандум за соработка

СКСЗМ и ИЛЈП го формализираат партнерството, потпишан Меморандум за соработка

СКСЗМ и ИЛЈП го формализираат партнерството, потпишан Меморандум за соработка

Извршниот директор на СКСЗМ, Дурим Зеќири, оствари средба со извршната директорка на Институтот за лидерство и јавни политики, г-ѓа Пранвера Касами, при што беше потпишан Меморандум за соработка кој го формализира партнерството и создава платформа за заеднички иницијативи во иднина.

Соработката помеѓу и ИЛЈП преку овој меморандум има за цел развој и имплементација на заеднички проекти за поддршка на младите, особено во нивниот премин од образованието кон пазарот на трудот, поддршка на програмите за практична работа, промоција на претприемништвото, како и други активности во корист на приватниот сектор и младите.

Овој меморандум претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓуинституционалната соработка и создавање конкретни можности за професионален развој на младите. Преку ова партнерство, СКСЗМ и ИЛЈП имаат за цел да придонесат кон градење поодржлив и инклузивен екосистем, кој го поврзува образованието со пазарот на трудот и го поттикнува развојот на приватниот сектор во земјата.

2