Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ НА МАСА ГО СОБРА БИЗНИСОТ И ВЛАДАТА, ВО ФОКУСОТ ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ И ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ

СКСЗМ НА МАСА ГО СОБРА БИЗНИСОТ И ВЛАДАТА, ВО ФОКУСОТ ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ И ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ

СКСЗМ НА МАСА ГО СОБРА БИЗНИСОТ И ВЛАДАТА, ВО ФОКУСОТ ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ И ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ

16.01.2025, Скопје – Стопанската комора на северо-западна Македонија организираше Отворен ден помеѓу членките на Комората и претставниците на Владата, на кој присуствуваа заменик-претседателот на Владата, г. Изет Меџити, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, г. Рефик Џемаили.
Овој отворен ден беше организиран со цел да се овозможи отворена дискусија помеѓу бизнис-секторот и државните претставници за проблемите со кои се соочуваат компаниите во земјата, давање предлози, како и создавање мерки и можности за побрз развој на бизнисите и економијата на земјата.
Во своето обраќање, претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, г. Mendi Qyra, изјави дека одржливо стратешко партнерство помеѓу Владата и бизнис-секторот е клучно за развој на одржлива и конкурентна економија.
„Затоа е неопходно Владата да се заложи за создавање механизми кои ќе го зајакнат оваа соработка, вклучувајќи редовни консултации со стопанските комори и вклучување на приватниот сектор во изработката на макроекономските политики“, изјави претседателот на СКСЗМ, Mendi Qyra.
Тој додаде дека друг исклучително важен елемент за економскиот развој во нашата земја е зголемувањето на инвестициите.
„СКСЗМ веќе 10 години врши мерење на инвестициите на своите членки. Нашите податоци покажуваат дека само инвестициите на ТОП 100 компании-членки на СКСЗМ, во изминатите 5 години, ја надминаа вредноста од 600 милиони евра. Само во 2024 година, истите компании реализираа инвестиции во импресивна вредност од 95,6 милиони евра. Сето ова говори за тежината и улогата што ја имаат производителите во зголемувањето на бруто-домашниот производ (БДП), додавајќи вредност во националната економија“, изјави претседателот Mendi Qyra, кој исто така нагласи дека со поддршка на производителите може да се намали трговскиот дефицит со замена на увозните производи со домашни производи, а истовремено да се зголеми и извозот. Тој посочи дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите има значително влијание врз зајакнувањето на компаниите, додека СКСЗМ претставува мост за поврзување на компаниите со различни владини и меѓународни грантови.
Првиот заменик-претседател на Владата, г. Изет Меџити, истакна дека Владата постојано е во комуникација со СКСЗМ и со бизнис-секторот. Тој нагласи дека биле преземени низа мерки за создавање поволна бизнис-клима и привлекување инвестиции.
„Ние сме директно вклучени во финансирање на бизнисите, особено во проширување на нивните капацитети со 250 милиони евра од кредитната линија обезбедена од Унгарија, која има најдобри услови во регионот, а аплицирањето е достапно за секој субјект без никаква дискриминација“, изјави првиот заменик-претседател на Владата, г. Изет Меџити.
Тој додаде дека почетокот на изградбата на Коридорот 8 е одлична можност за сите бизниси од Полошкиот регион и пошироко, а фискалната политика е подобрена за да понуди поттик за бизнисите.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, г. Рефик Џемаили, ги презентираше најновите податоци за компаниите кои аплицираат за грантови за инвестиции.
Пред членовите на СКСЗМ и останатите бизниси, директорот Џемаили одржа презентација со цел да ги информира компаниите за можностите и условите за аплицирање за фондови и понатамошен развој на нивните бизниси.
Членовите на СКСЗМ, преку отворена дискусија, имаа можност да постават прашања во врска со презентираните мерки, нивните нејаснотии околу Законот и можностите за аплицирање, како и сите останати прашања од интерес за бизнисот.

Овој настан организиран од СКСЗМ е дел од активностите кои овозможуваат изразување ставови и директна дискусија со Владата и нејзините претставници. Покрај информациите за пристап до финансии, Комората сега со зголемени капацитети им асистира на компаниите во добивање или освојување на истите.