СКСЗМ го организира меѓународниот саем “Швајцарија 2016’’

06 Мај 2016– Со цел  зголемување на нивото на соработка, Стопанска  Комора на Северо-Западна Македонија и компанијата “Аlbpress’’, со седиште во Винтертур , Швајцарија, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел  подршка и развој на економијата во Македонија. Со овој Мемурандум, СКСЗМ и “Аlbpress’’ се согласуваат за заеднички интерес за подршка и подигнување на нивото на меѓусебната  соработка. Меѓу другото овој Меморандум ќе придонесе за развој, подршка и промоција на локалните производи во меѓународниот пазар и обезбедување на релевантни  услуги за заинтересираните компании.

Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа најави дека се подготвени да соработуваат со сите компании што ќе инвестираат во нашата земја и со овој Меморандум Стопанката Комора на Северо Западна Македонија го презема организирањето на албанските компании во Македонија за да учествуваат на саемот  “Швајцарија 2016’’, и организирање на заедничка Прес-конференција, каде бизнисмените и јавноста  во целина ќе бидат информирани за активностите на саемот “ Швајцарија 2016’’.

Според претседателот Неби Хоџа, целта на овој меморандум е да се придонесе развој на економијата во Македонија и подобрување на имиџот на нашите производи во Швајцарија.

Целта на организацијата на саемот е сензибилација на домашните компании за да ги изложат нивните производи во меѓународниот пазар и зголемување на интересот за други производи кои не се во швајцарскиот пазар,- рече претседателот на компанијата “Albpress”  Сулејман Сулејмани.

Овој саем исто така ќе послужи како можност за компаниите учесници да контактираат директно со преставниците на големите швајцарски компании, кои ќе бидат присутни на саемот.

Comments are closed.