Продажба и новите предизвици

Нико Берберу е експертот кој ги обучи првите управители на 15-те избрани компании во рамки на Пост Ковид 19 трансформативната програма која ја спроведува СКСЗМ со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Обуката, на тема Продажба, е втора обука за менаџерите на овие компании во рамки на овој проект. На обуката се дискутираа сите потенцијални предизвици поврзани со продажбата и Ковид-19 пандемијата, за тоа како да се дојде до идеалниот купувач, како да се направи ценовна политика, како да се утврди што точно сака купувачот, промена на навиките на купувачите под притисок на пандемијата и други прашања поврзани со зголемување на продажбата во овој тежок период за компаниите. Во текот на обуката, претставници на СКСЗМ и обучувачот одговараа и на прашања на учесниците за продажбата.

Преку оваа Програма, СКСЗМ ги помага компаниите да ја зголемат нивната конкурентност и продуктивност и да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат поради пандемијата. Ваквите обуки им овозможуваат на менаџерите да стекнат со нови вештини и преку нивна проактивна примена во секојдневното работење да постигнат задоволителен број на продажби. Поддршката на локалните бизниси е клучна за развојот на економијата и справување со економските последици од пандемијата.