Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ ги отвора вратите за студентите од Факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа

СКСЗМ ги отвора вратите за студентите од Факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа

СКСЗМ ги отвора вратите за студентите од Факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа

В.д. Претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор Дурим Зеќири и оперативната менаџерка Миранда Ајдини, ги пречекаа студентите од Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа, предводени од Студентскиот парламент и асоцијацијата, при што одблиску се запознаа со работата и активностите на Комората.

За време на средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во земјата, со посебен акцент на недостигот од квалификувана работна сила, како и за важноста од активно вклучување на младите во економските развојни процеси.

г.Нухи Алиу истакна дека СКСЗМ останува отворена за студентите и младите генерации во иднина да имаат можност за вработување и професионален развој во компаниите членки, како и за реализација на практична работа.

Извршниот директор ги потенцираше бројните можности што се нудат преку различни грантови и повици, без разлика дали се од владата или од меѓународни донатори како Европска Унија, како значајна поддршка за развојот на нови бизниси (стартапи). Тој додаде дека преку Стопанската комора, стартапите и новите бизниси имаат директен пристап до постојните компании, создавајќи мостови на соработка и развој уште од нивните почетни фази.

Студентите поставуваа прашања и дискутираа за своите професионални перспективи, додека средбата послужи како можност за размена на идеи и зајакнување на соработката меѓу академијата и бизнис секторот.

СКСЗМ продолжува да биде посветена на поддршката на младите и на создавањето поврзувачки мостови помеѓу образовните институции и бизнис заедницата, со цел одржлив економски развој и подготовка на нови професионални кадри.