Политика за квалитет

МИСИЈА: СКСЗМ ги организира, унапредува, ги штити интересите и ги промовира бизнисите во земјата и странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција.

ВИЗИЈА: Да стане водечка институција во застапувањето на интересите на бизнисите, како и во создавањето поволна средина за одржлив и инклузивен економски развој.

Раководството на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е целосно посветено на воспоставување, одржување и континуирано подобрување на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015.

Во насока на остварување на својата мисија и визија, Комората се обврзува на:

·        Континуирано подобрување на системот за менаџмент со квалитет и неговата ефективност;

·        Обезбедување висококвалитетни, навремени и професионални услуги за компаниите членки;

·        Усогласеност со применливата законска и регулаторна рамка;

·        Идентификување и управување со ризици и можности кои влијаат врз квалитетот на услугите;

·        Зголемување на задоволството на компаниите членки преку следење и анализа на нивните потреби и очекувања;

·        Развивање на партнерства со јавниот, приватниот и меѓународниот сектор;

·        Поддршка на зелена транзиција, одржлив развој и примена на стандарди за квалитет;

·        Поттикнување иновации, конкурентност и интернационализација на бизнисите;

·        Развој и континуирано унапредување на компетенциите, знаењето и мотивацијата на вработените;

·        Обезбедување транспарентност, професионалност и етичност во работењето;

·        Ефикасна комуникација со сите заинтересирани страни;

·        Обезбедување ресурси потребни за остварување на поставените цели за квалитет.


Политиката за квалитет е јавно достапна и претставува обврска за сите вработени и соработници на Комората.