Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ реализира состанок со ИНОВА. Во фокус соработката за иновативен развој и поддршка на бизнис-заедницата

СКСЗМ реализира состанок со ИНОВА. Во фокус соработката за иновативен развој и поддршка на бизнис-заедницата

СКСЗМ реализира состанок со ИНОВА. Во фокус соработката за иновативен развој и поддршка на бизнис-заедницата

01.12.2025 – Во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, в.д. Претседателот, г-дин Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор, г-дин Дурим Зекири, остварија состанок со Директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), г-ѓа Даниела Димовска.

За време на состанокот се дискутираше за проектите и повиците што ИНОВА ќе ги објави во претстојниот период. Агенцијата е во процес на изработка на нов програмски план, кој ќе опфати неколку приоритетни сектори. СКСЗМ ќе даде свој придонес во овој процес со предлози и препораки, со цел програмата што подобро да ги адресира потребите на бизнис-заедницата.

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ги презеде сите надлежности во согласност со новиот Закон за иновативна дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.

Овој состанок претставуваше и можност за поблиско запознавање меѓу страните, како и за потврда на взаемната волја за понатамошна соработка во функција на економскиот и иновативниот развој на земјата.

СКСЗМ претставува силен партнер во оваа соработка, придонесувајќи кон реализацијата на проекти кои поттикнуваат развој и иновации.