Home / Вести / Последни вести / Во просториите на СКСЗМ се одржа средба со Државниот завод за статистика

Во просториите на СКСЗМ се одржа средба со Државниот завод за статистика

Во просториите на СКСЗМ се одржа средба со Државниот завод за статистика

СКСЗМ е една од најгласните институции во врска со прашањето за попис на населението со цел државата да има точна слика за населението и анализите што се вршат да бидат точни и релевантни.
Иницијативата за попис на населението по сите овие години ќе и помогне на Република Северна Македонија во макроекономско планирање, демографски индикатори и каква било анализа на истите. Неспроведувањето на пописот доведе до недостаток на податоци за тоа колку жители всушност има земјата, колку домаќинства и каква работна сила има на располагање државата.
СКСЗМ високо ја цени соработката со државните институции и во духот на досегашната соработка со Државниот завод за статистика ја изнесе оваа проблематика и повикува пописот да се спроведе на транспарентен и професионален начин со цел ефектот да биде позитивен.