Home / Гента Латифи

Гента Латифи

Гента Латифи

Гента Љатифи ги завршила додипломските студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, смер Меѓународна комуникација на Факултетот за јазици, култури и комуникација. Кариерата ја започнала како практикант на истиот Универзитет, каде и беше ангажирана во бирото за студентски услуги.
По завршување на ова искуство, Гента се ангажира во маркетинг секторот како комуникациски практикант во приватна компанија, стекнувајќи искуство во областа на корпоративните комуникации. Исто така, кратко време работеше како новинар на дигиталната платформа на телевизијата ТРТ Македонија.
Од ноември 2023 година, е ангажирана во Стопанската  Комора на Северо-Западна Македонија, како соработник за Истражување и Анализа.