04–08.10.2025 – Компанијата членка на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Neho Kompani, учествуваше на меѓународниот саем на прехранбената индустрија „Anuga 2025“, кој се одржа во Келн, Германија, во организација на Koelnmesse GmbH.
„Anuga“ се смета за еден од најголемите и највлијателни саеми во светот за прехранбената и пијалочната индустрија, нудејќи широка платформа за претставување на производи, иновации и најнови трендови, како и можност за создавање нови бизнис контакти и меѓународни партнерства. Секоја година, саемот обединува илјадници изложувачи од над 100 земји и професионални посетители од целиот свет.
На овој саем како посетители учествуваа и две други компании членки на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија – Beda Logistics и Inospektar, кои имаа можност да ги претстават своите производи, да истражат нови пазари и да воспостават стратешки врски со меѓународни партнери.
СКСЗМ продолжува да биде мост што ги поврзува домашните бизниси со меѓународните пазари, овозможувајќи учество на настани што нудат нови перспективи за развој, раст и економска соработка