Во рамките на B2B бизнис форумот што се одржа во градот Алмати во Казахстан во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Казахстан, учествуваше и претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа заедно со други претстваници од бизнис секторот и високи владини претставници.
Целта на овој бизнис форум беше да се создаде соодветен амбиент за соработка меѓу бизнисите од двете земји, размена на искуства и идеи, што истовремено би влијаело и на развојот на економијата во земјата .
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија продолжува силно да ги поддржува активностите кои ги мотивираат компаниите да излезат на нови пазари.
Учество на претседателот г. Неби Хоџа на B2B бизнис форум во Казахстан
