Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ учесник на дискусијата за процесот на претприемничко откривање

СКСЗМ учесник на дискусијата за процесот на претприемничко откривање

СКСЗМ учесник на дискусијата за процесот на претприемничко откривање

Скопје, 17.12.2021

Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа беше учесник во дискусијата за процесот на претприемничко откривање како и предизвиците во истиот процес. Тој рече дека за успешно спроведување на овој процес мора да се анализираат вистинските барања на нашето општество, како и да се воспостави стратегија со прецизни цели.
Тој исто така нагласи дека стопанските комори играат многу важна улога во остварувањето на овие цели и дека тие се обврзуваат да ги искористат сите потенцијали.
СКСЗМ секогаш придонесува за подобрување на општата благосостојба во земјата и за постигнување на горенаведениот процес треба да постои соработка меѓу академијата и приватниот сектор.