Извршниот директор на СКСЗМ г-дин. Дурим Зеќири беше поканет на панелот за дискусија на тема „Предизвиците и перспективите на пазарот на труд во Северна Македонија – Транзиција од образование до вработување, организирана од Фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung и South East European University (SEEU).
Во својата дискусија, Зеќири го истакна проблемот за драстично напуштање на младите од земјата, опишувајќи го како клучно прашање кое мора да се реши и да се спречи за доброто на општеството и економијата на земја.
Веќе неколку години, СКСЗМ ја смета работната сила како многу важен асет. Ние како Комора сме свесни дека факторите кои влијаат на ова заминување не се само платите и приходите, туку има многу други фактори за кои Комората презеде мерки преку креирање платформа, која стратешки ќе придонесе за решавање на проблемот со работната сила.
Г-дин Зеќири додаде дека за да се задржат младите во земјата и да се спречат негативните последици во економијата, политиките треба да се фокусираат на создавање можности за вработување, развој на образование и стручна обука во секторите што ги бара пазарот.
Главното барање на СКСЗМ е да се започне процесот кон подобрување, со зголемување на минималната нето плата на 30.000 денари и намалување на придонесите на 32% од нето платата. Исто така, нашата институција инсистира на унапредување на аспектот на конкурентност, како во државата, така и на регионално ниво.
Студентите имаа можност да им поставуваат прашања на панелистите на различни теми за кои сметаат дека се фундаментални аспекти за перспективата на државата, се информираа и за секторите кои се бараат на пазарот на труд и за профилите на кои треба да се ориентираат.
Во иднина, посветеноста на СКСЗМ за промовирање и развивање на образованието и подготовката на потребната работна сила ќе продолжи да биде еден од главните приоритети, сметајќи дека тие се основата на секое одржливо општество и економија.






