Во рамки на новиот пакет на услуги на СКСЗМ за трансформирање на бизнисите во зелени бизниси, овој пат беше потпишан меморандум за соработка со членот и спонзорот на СКСЗМ Комерцијална Банка АД Скопје.
Меморандумот се потпиша од страна на Извршниот директор на СКСЗМ г. Дурим Зекири и Др. Маја Стевкова Штериева главен финансиски директор и Билјана Максимовска-Поповиќ, главен директор за корпоративно банкарство.
Имајќи предвид дека како еден од главни предизвици на бизнисите беше трансформирање на компаниите кон енергетска ефикасност и зелена транзиција, Комората воведе нов пакет на услуги преку кои компаниите се подржуваат да станат по одржливи, зголемувајќи ја нивната конкурентност и на домашниот и на странските пазари.
Како дел од Проектот е и обезбедување на информации и помош за компаниите-членки кои бараат финансирање за проекти за енергетска ефикасност и истата се реализира преку потпишување на меморандуми со комерцијални банки со цел да се олесни пристапот до можностите за финансирање.
Оваа иницијатива е дел од грант проектот на СКСЗМ „Зелени бизнис лидери“ ©, кој се спроведува во соработка со Менаџмент Консалтинг Асоцијација – МКА 2000 како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансирана од УСАИД и имплементирана од Консалтинг за Стратешки Развој.