Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ учесник на Б2Б средби со делегацијата на турски компании во Тирана

СКСЗМ учесник на Б2Б средби со делегацијата на турски компании во Тирана

Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyrа, заедно со претставници од компании-членки на Комората, учествуваше на настанот организиран од Асоцијацијата на извозници од Источна Анадолија (DAIB) и Турската асамблеја на извозници (TIM), со поддршка на Министерството за трговија на Република Турција.

На овој настан, СКСЗМ беше почестена со симболичен подарок од организаторите, како знак на почит и благодарност за континуираниот институционален придонес во зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји, заслуга на докаженото партнерството на Трговско-индустриската комора на Тирана предводена од нејзиниот претседател, г-дин Николин Јака. Овој момент беше проследен со заемни благодарности, истакнувајќи ја заедничката подготвеност за унапредување на трговските и инвестициските односи.

Главниот фокус на настанот беа B2B средбите меѓу турските компании и локалните, како и регионалните компании, каде СКСЗМ беше претставена преку своите членки. Компаниите беа од клучни сектори како градежништво, железо, прехранбена индустрија, обработка на воа, електрична енергија и други области со развоен потенцијал.

СКСЗМ останува посветена на својата улога како мост за поврзување на домашните бизниси со меѓународни партнери, придонесувајќи во создавањето на нови можности за економска соработка и промоција на регионот на меѓународните пазари.