Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ реализираше средба со Претседателот на Собранието на РСМ. Дискусијата се фокусираше на Предлогот за изменување на Законот за извршување

СКСЗМ реализираше средба со Претседателот на Собранието на РСМ. Дискусијата се фокусираше на Предлогот за изменување на Законот за извршување

СКСЗМ реализираше средба со Претседателот на Собранието на РСМ. Дискусијата се фокусираше на Предлогот за изменување на Законот за извршување

02.03.2026, Скопје – Раководството на СКСЗМ, составено од в.д. претседателот Нухи Алиу, извршниот директор Дурим Зекири, почесниот претседател Џемаил Даути и оперативната менаџерка Миранда Ајдини, оствари средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со цел да се дискутираат предложените измени на Законот за извршување, со посебен акцент на член 218, кој во моментов е објавен и на ЕНЕР.

Во текот на дискусијата беше истакната потребата од елиминирање на елементите на фаворизирање на јавните претпријатија и воспоставување механизми на отчетност, со цел процесот на извршување да биде поправеден и потранспарентен за сите економски чинители.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја изрази својата поддршка за иницијативите на СКСЗМ, при што беше посочено дека предложените измени ќе бидат разгледани со цел унапредување на принципите на еднаквост и транспарентност во економскиот сектор.

Средбата ја нагласи важноста на дијалогот помеѓу институциите и бизнис-заедницата за обезбедување правична и ефикасна законска рамка. СКСЗМ, како една од своите стратешки определби, го има зајакнувањето на владеењето на правото преку ефективни и одговорни институции, како суштинска потреба за изградба на силна економија.

2