Home / Вести / Последни вести / Локалниот економски развој во центарот на дискусијата. СКСЗМ средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, г. Мendi Qyra

Локалниот економски развој во центарот на дискусијата. СКСЗМ средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, г. Мendi Qyra

Локалниот економски развој во центарот на дискусијата. СКСЗМ средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, г. Мendi Qyra

На 15.10.2025 година, во просториите на Стопанската комора на Северо-западна Македонија се одржа средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, г. Мendi Qyra, кој беше пречекан од в.д. Претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, Извршниот директор, г. Дурим Зекири, Почесниот претседател, г. Џемаил Даути, како и претставници на Управниот и Надзорниот одбор на СКСЗМ.

Средбата ја отвори в.д. Претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, кој ја истакна важноста на континуираната соработка меѓу општините и бизнис заедницата како клучен столб за локалниот развој.

За време на дискусијата, г. Мendi Qyra нагласи дека главен промотор на развојот на земјата е економијата, потенцирајќи дека доколку го добие мандатот, Општина Струга ќе биде секогаш отворена за соработка со Комората и локалните бизниси. Тој посочи дека во неговата изборна платформа се вклучени пет стратешки проекти од особено значење за развојот на Струга, при што ја нагласи неопходноста од отворена комуникација меѓу институциите, општината и СКСЗМ.

Од друга страна, Извршниот директор, г. Дурим Зекири, ја презентираше Платформата за Локален Економски Развој, која содржи заеднички точки со визијата на г. Qyra, особено во областите на развојот на туризмот, поттикнувањето на инвестициите од дијаспората, како и промовирањето на транспарентноста и отчетноста како основни принципи на локалното управување.

Почесниот претседател, г. Џемаил Даути, ја потенцираше важноста на фискалната и функционалната децентрализација како механизам за зајакнување на општинските капацитети и подобрување на административната ефикасност. Тој исто така предложи формирање на Бизнис Центар во соработка со СКСЗМ кој би служел како поддршка за локалните претпријатија и развојот на претприемништвото во Струга.

На средбата збор зеде и г. Фатмир Ејуп, член на СКСЗМ, кој ја нагласи потребата за подигнување на еколошката свест преку компанијата Alpak Eko, адресирајќи ја проблематиката со управувањето со отпадот и прашањето за депонијата во Струга. Тој истакна дека компанијата Alpak Eko е подготвена да ја поддржи општината со контејнери за рециклирање, но побара претходно да се обезбедат соодветни локации и потребната инфраструктура. Во овој контекст, г. Qyra ја изрази својата подготвеност за соработка, нагласувајќи дека заштитата на животната средина е исто така дел од неговата платформа.

СКСЗМ продолжува да ја зајакнува соработката со општините и локалните бизниси, промовирајќи економски развој, транспарентност и еколошка одржливост. Преку иницијативи и стратешки проекти, Стопанската комора на Северо-западна Македонија останува стабилна поддршка за бизнис заедницата.