Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ ја одржа третата седница на Управниот одбор во Струга

СКСЗМ ја одржа третата седница на Управниот одбор во Струга

СКСЗМ ја одржа третата седница на Управниот одбор во Струга

25 мај 2025, Струга – Во просториите на хотел „Ëmbla“ во Струга се одржа Третата седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, свикана од Претседателот г. Mendi Qyra. Седницата ги собра членовите на Управниот и Надзорниот одбор, Извршниот директор и Оперативната менаџерка за да дискутираат за клучни теми поврзани со стратешкиот развој на Комората и претстојните институционални активности.

Во фокусот на седницата беа подготовките за одбележување на 20-годишнината од основањето на СКСЗМ, значаен момент за институцијата и бизнис заедницата што ја претставува.

Исто така, се дискутираше и за шеснаесеттото издание на TOP 100™ 2025, една од најпрестижните платформи на СКСЗМ која ги вреднува и промовира најуспешните компании-членки, но и настан кој овозможува одлична можност за вмрежување меѓу компаниите.

Состанокот претставуваше важен чекор кон реализација на стратешките цели на Комората за третиот квартал за 2025 година, одразувајќи ја нејзината посветеност кон унапредување на улогата на домашниот бизнис и обезбедување платформи каде што успехот на компаниите-членки се вреднува и промовира.

По завршувањето на состанокот, г. Qyra, претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и сопственик на хотелот Ембла, организираше свечен ручек во знак на благодарност за присутните.