Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ го поздравува раководството на Косовската бизнис асоцијација на состанок

СКСЗМ го поздравува раководството на Косовската бизнис асоцијација на состанок

СКСЗМ го поздравува раководството на Косовската бизнис асоцијација на состанок

21.05.2025, Скопјe – Претседателот на СКСЗМ г-дин Qyra, заедно со потпретседателот г-дин Алиу, членот на Управниот одбор г-дин Морина, извршниот директор г-дин Зекири и оперативнaта менаџерка г-ѓа Ајдини, ги пречека на состанок претседателот г-дин Бесарт Дрешај и претставниците на одборот на Косовската бизнис асоцијација.

На овој состанок се дискутираа можностите за соработка за важни прашања што директно влијаат на деловната клима и економскиот развој во двете земји. Беше нагласено дека отстранувањето на царинските бариери и хармонизацијата на тарифите е од особено значење за олеснување на прекуграничната трговија и подобрување на протокот на стоки.

Беше разгледано и прашањето за недостатокот на квалификувана работна сила. Страните ја изразија потребата од координирани политики што ја поддржуваат стручното образование, контролираната економска миграција и интеграцијата на младите луѓе на пазарот на трудот.

Двете институции изразија подготвеност за соработка и преземање конкретни чекори за прашања што се во корист на приватниот сектор.