Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ го пречека Претседателот на Бразилско-Македонската Стопанска Комора: Се отвора перспектива за соработка помеѓу Северна Македонија и Бразил

СКСЗМ го пречека Претседателот на Бразилско-Македонската Стопанска Комора: Се отвора перспектива за соработка помеѓу Северна Македонија и Бразил

СКСЗМ го пречека Претседателот на Бразилско-Македонската Стопанска Комора: Се отвора перспектива за соработка помеѓу Северна Македонија и Бразил

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во рамките на своите постојани заложби за развој на меѓународната соработка и промоција на економските потенцијали на земјата, оствари средба со г. Луис Фернандо дел Ваље – Претседател на Бразилско-Македонската Стопанска Комора (BRA-MAK) и кандидат за почесен конзул на Република Северна Македонија во Сао Паоло, Бразил.

Делегацијата на СКСЗМ, составена од Претседателот г. Qyra, Извршниот директор г. Зекири, Потпретседателот г. Асани и членовите на Управниот Одбор, г. Мустафа и г-ѓа Алиу, го пречека г. дел Ваље во просториите на Комората, каде што се водеа суштински дискусии за можностите за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Бразил.

Двете страни го споделија ставот дека постои голем неискористен потенцијал за создавање партнерства во области од заеднички интерес, вклучително и образованието, иновациите и извозот на производи со додадена вредност.

На средбата беше нагласена и стратешката важност од зајакнување на економските врски преку создавање нови мостови на комуникација помеѓу приватните сектори на двете земји. Исто така, тема на дискусија беше и големиот потенцијал што го нуди регионот за развој на туризмот, како еден од секторите со мултипликативен економски ефект, особено во функција на создавање регионални итинерари кои би ја промовирале Северна Македонија како атрактивна дестинација за туристи од Бразил.

СКСЗМ и BRA-MAK ја искажаа својата подготвеност за градење одржливи мостови на соработка и за унапредување на меѓународниот економски дијалог во интерес на взаемен развој.