Скопје, 21.01.2022
На 19.01.2022 година претставници на СКСЗМ на чело со извршниот директор г. Дрилон Исени ја посетија компанијата Мега Ауто Партс во рамките на програмата „Road-Show“. Оваа компанија работи повеќе од 20 години и нуди автомобилски делови за сите типови и марки, што го прави еден од лидерите на пазарот во земјата.
Освен што се запознавме со совршениот работен систем кој е единствен од ваков тип во земјава, за време на оваа посета разговаравме и за предизвиците со кои се соочува бизнисот во ова тешко време со кризи кои се појавуваат едно по друго и кои ја отежнуваат дејноста на бизнисите и со тоа ја загрозуваат социо-економската благосостојба на граѓаните.
СКСЗМ го продолжува своето присуство блиску до своето членство нудејќи поддршка и помош особено во овие тешки времиња на криза.