За нас

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) е клучна институција во деловниот екосистем на земјата, која професионално ги претставува интересите на бизнисите во земјата и пошироко. Основана за градење мостови помеѓу приватниот сектор и јавните институции, веќе 20 години, СКСЗМ промовира конструктивни партнерства, е силен глас во формулирањето на економските политики и придонесува за одржлив развој на економијата на локално и меѓународно ниво.

СКСЗМ постојано е ангажирана во подобрување на условите за водење бизнис, промовирање на своите членови на домашните и странските пазари и претставување на ставовите на бизнис заедницата во процесите на донесување одлуки. Со сеопфатен пристап и јасни принципи, Комората придонесува за градење на поодржлива, транспарентна и конкурентна економска средина.

Преку квалитетни услуги, вмрежување, институционално претставување и заштита на нивните интереси во услови на предизвиците на глобалната конкуренција, СКСЗМ има за цел да биде не само репрезентативна, туку и промотор на иновациите и градењето капацитети на бизнисите-членки.

МИСИЈА

СКСЗМ ги организира, унапредува, ги штити интересите и ги промовира бизнисите во земјата и странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција.

ВИЗИЈА

Да стане водечка институција во застапувањето на интересите на бизнисите, како и во создавањето поволна средина за одржлив и инклузивен економски развој.

НАШИ ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ

Транспарентност
Партнерство
Одржливост
Еднаков пристап