Home / Вести / Последни вести / Центар за контакт за COVID19

Центар за контакт за COVID19

Центар за контакт за COVID19

Владата на Република Северна Македонија денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со Ковид -19.

На LIVE Call Centar – контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик.