Home / Вести / Последни вести / Република Албанија искажува благодарност за СКСЗМ

Република Албанија искажува благодарност за СКСЗМ

Република Албанија искажува благодарност за СКСЗМ

Денес амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија ја посети Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија за да им се заблагодари на компаниите-членки на Комората, кои се покажаа хумани и помогнаа во неодамнешниот трагичен земјотрес што ја погоди Република Албанија и предизвика многу материјални штети и штета на луѓе.

Од страна на Амбасадата со голема почит и благодарност се доделија благодарници до сите тие шти придонесоа.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, заедно со нејзините членови, ќе продолжат да ја подигнуваат општествената одговорност и во секој момент да бидат подготвени за поддршка.