13.10.2025, Скопје – СКСЗМ организираше состанок со ВМРО-ДПМНЕ, активност која комората традиционално ја реализира во периоди на локални избори.
На овој состанок, раководството на Комората ја претстави својата Платформа за локален економски развој, која содржи 7 поглавја со над 70 конкретни мерки.
Состанокот го водеше в.д. Претседателот на СКСЗМ, г-дин. Нухи Алиу, а присутни беа извршниот директор и членови на Управниот и Надзорниот одбор на Комората.
На состанокот, покрај претседателот на партијата г-дин Христијан Мицкоски, присутни беа и кандидатите од многу општини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција, со кои се дискутираа бројни барања на бизнисите во однос на локалната самоуправа, кои имаат за цел да ги елиминираат пречките со кои се соочува стопанството.
В.Д. претседателот Нухи Алиу им се заблагодари на гостите за сериозноста и посветеноста покажана при разгледување на теми од значење за локалната економија, но исто така потенцираше дека Платформа за локален економски развој на СКСЗМ е документ изготвен од членовите на комората, со што ја прави исклучително релевантна.
Во презентацијата на СКСЗМ, извршниот директор зборуваше за спроведувањето на законите, развојот на локалната економија, инфраструктурата и просторното уредување, енергетиката, земјоделството итн., при што посебен акцент беше ставен на туризмот како многу стратешки сектор, за кој г. Зекири изнесе повеќе загрижености како што се недостигот на инфраструктура и работна сила итн.
Од ВМРО-ДПМНЕ се согласија со многу од предлозите на СКСЗМ, а кандидатот за Градоначалник на Град Скопје ја прифати иницијативата за изградба на главната улица во зоната Визбегово, како и на споредните улици, и вети дека ова барање на комората ќе биде еден од инфраструктурните приоритети во неговиот мандат.
Премиерот Мицкоски истакна дека предлогот на СКСЗМ за прекин на замрзнување на маржите и цените е исправен и дека таквата мерка ќе биде укината како практика, бидејќи не дала ефекти.
Средбите со политичките партии во земјата кои учествуваат на овие избори имаат за цел да овозможат побрз пристап до побрзи алтернативи за соработка меѓу бизнисот и институциите.





